Друштво за Техничко испитување и анализа на моторни возила

- Центар за моторни возила дооел - Гостивар

Tехнички преглед

Документација

Административна поддршка

Историјат

На иницијатива на Сојузот на здруженијата на возачите и автомеханичарите на Македонија, во 1958 година најнапред како Секција во Гостивар, а потоа и како здружение на возачите и автомеханичарите во 1960 година, е формирана организација чија основна определба беше работењето врз унапредувањето на безбедноста на сообраќајот и на превентивата, врз сообраќајното воспитание и образование на младите и омасовувањето на новата организација со изразито општествени определби. Се до 1978 година во здружението се работеше волонтерски и тоа од општествените, преку оквалификувањето на возачкиот кадар па до стручната работа во вршењето технички прегледи на возилата. Сето тоа во импровизирани услови без сопствен покрив над главата. Посебни активности беа свртени кон членството и кон навлегувањето на сите пори на безбедноста во сообраќајот како во работните организации така и во месните заедници и селските населби.

Со текот на времето, со зголемувањето на бројот на возилата и возачите, се наметна потребата од вршење технички преглед со помодерна и посовремена опрема зашто тоа го бараа условите-техничко-технолошкиот прогрес. Изготвен е проект за изградба нова современа станица за технички преглед, а во градбата и во набавувањето опрема голема помош и широка подкрепа укажаа ХЦ “Тито”, ЖАС, Мермери, ГП “Црвена Звезда”, општинското собрание и Сојузот на возачите на Македонија. На 13 мај 1977 година станицата е дадена во употреба. Во 1978 година се обединија активностите во сверата на сообраќајот при што под еден покрив со новата станица дојде и авто-школата која одигра видна улога во формирањето свесни и дисциплинирани учесници во сообраќајот во се посложените сообраќајни текови. Истата година се извршени и престројувањата на Здружението во општински сојуз на возачите, составен од 13 основни организации во Организациите на здружениот труд и во мените заедници, а во активностите доминираат настојувањата за унапредувањето на животните и работните услови на возачите, за поголема грижа за техничката исправност на возилата, се одржуваат предавања за запознавањето со Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и уште низа воспитно-превентивни манифестации во тесна соработка со Советот за безбедност на сообраќајот, со сите други органи и организации од општината заинтересирани за поголема безбедност на патиштата. Најдобар показател за растежот на организацијата е зголемувањето на бројот на членовите. Од 60-тина при формирањето, преку 3-те илјади во 1978 година па до повеќе од 5700 регистрирани во минатата година. Во последнава деценија откако е преземена авто-школата низ неа поминале вкупно повеќе од 3900 кандидати. Сево ова укажува на успешно триесетгодишно работење и потстојан растеж на оштинскиот сојуз на возачите во Гостивар. На ова потсетува и највисокото општинско признание наградата “18 Септември” што се доделува по повод ослободувањето на градот.

Контакт

Контакт Информации

ул. Илинденска ББ
Гостивар

Тел: (042) 214-504

Факс: (042) 214-556

Време: Понеделник - Петок: 8:00 до 16:00